СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес
ОТВОРЕН ДЕН НА ГИМНАЗИЈАТА
ИСТРАЖУВАМЕ, УЧИМЕ, СЕ ЗАБАВУВАМЕ
Затоа Ве покануваме на ОТВОРЕН ДЕН НА ГИМНАЗИЈАТА со презентација на проектните активности на која ќе можете да ја видите нашата креативност, инвентивност, подготвеност да се соочиме со истражувачка работа, но и да се забавуваме преку учење и да учиме преку забава.
ОТВОРЕНИОТ ДЕН НА ГИМНАЗИЈАТА со презентацијата на проектните активности на СОУ„Гимназија Кочо Рацин“ ќе се одржи во Младинскиот парк, на 21.05.2012година (понеделник) во 11.30 часот под мотото „Истражуваме, учиме, се забавуваме“.
Проектните активности се подрачје од Наставниот план каде учениците имаат можност да ги искажат своите индивидуални интереси, можности и желби во одделни области.Проектните активности во нашето училиште се реализираат во текот на целата година во следниве области:
- Литературни клубови и драмски секции
- Култура за заштита мир и толеранција
- Граѓанска култура
- Истажувања во информатиката
- Истражувања во математиката
- Спортски активности
- Ликовно-творечки активности
- Претприемништво и бизнис
- Активности од областа на музиката
Проектните активности се истражување и љубопитност кон нови знаења.Тие на учениците им овозможуваат да ја изразат својата креативност, да ги искажат, развијат и надоградат своите способности и својот талент во повеќе области.Затоа почитувани Гимназијалци, ученици-осмоодделенци, родители и сите останати заинтересирани Ве покануваме да присуствувате на Презентацијата на нашето училиште.
Однапред Ви благодариме.
Директор:
Гордан Стојчевски
Одговорен ментор:
Трајче Михајлов
|

















