АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА ACCESS – ПРОГРАМАТА

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

АКТИВНОСТИ ВО РАМКИТЕ НА АCCESS-ПРОГРАМАТА

На 14 март 2019 година, во просториите на нашето училиште, групата на Access Велес, беше организатор на настан, а воедно и домаќин на група војници – претставници на Армијата на Соединетите Американски Држави, претставници на Армијата на Република Северна Македонија, претставници на Амбасадата на САД во Скопје, како и на Македонскиот центар за граѓанско образование, Скопје.

{besps}stories/ucebna2018_2019/vojnici/sliki{/besps}

Access учениците и професорите, заедно со претставници од училиштето, имаа можност да се запознаат лично со гостите, да дознаат што значи да се биде дел од Армијата на САД, од Армијата на РСМ, кои се нивните обврски и работни задачи, но и да научат како тие се справуваат со секојдневните предизвици за време на исполнувањето на својот воен рок.

Исто така, учениците имаа можност да видат и облечат дел од нивната воена опрема, да дознаат со каква опрема располагаат на терен воените доктори, но и да подготват и вкусат дел од војничката храна.

По завршување на презентацијата од страна на гостите, Access учениците имаа можност да ги запознаат истите со постоењето на Access-програмата во Велес и да им покажат како поминуваат нивните часови и што има групата сработено и научено до сега.

Подготвиле: Тимот на Access ученици

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не: