Тренинг обука за проектот Математички лавиринт

СОУ Гимназија Кочо Рацин како координатор на проектот „Математички лавиринт“ со грант доделен од страна на Националната Агенција за Европски Образовни програми и Мобилност, организираше краткотрајна тренинг обука за сите партнери вклучени во проектот.

Обуката беше реализирана во периодот од 29.5.2017 до 4.6.2017 во хотел „Силекс“ во Охрид со по двајца преставници од секоја партнер организација. Во текот на овој тренинг настан се одржаа работилници, интерактивни презентации и отворени дискусии поврзани со користењето на методот МАТЕМАТИЧКИ-Лавиринт од страна на сите учесници во проектот. На овој начин сите се стекнаа со потребните вештини и компетенции за да го имплементираат методот во нивната идна работа, а истовремено и да го споделуваат со сите заинтересирани страни.

1
2
3
1/3 
start stop bwd fwd

 

Освен работните обврски, за учесниците во оваа тренинг обука беа организирани културни и социјални настани како прошетка до Св. Наум, разглед на стариот дел на Охрид со туристички водич, а целта беше партнерите да се запознаат со традицијата и културата, како и знаменитостите на Охрид.

Одговорни на проектот Математички лавиринт:

Христина Леова

Мариче Лазаровска

Googlе Translate

Присутни

Денес239
Вчера851
Оваа недела2796
Овој месец12815
Вкупно375322

Во моментов присутни

8
корисници

Петок, 24 Мај 2019 07:38
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија