ГИМНАЗИЈАТА ВО СОРАБОТКА СО ОПШТИНА ВЕЛЕС УЧЕСНИК НА 54 РАЦИНОВИ СРЕДБИ

Коста Солев Рацин со своето творештво и со силината на својот космополитизам секоја година не зближува и не обединува со една заедничка и благородна цел, достојно да ја одбележиме годишнината од неговата смрт.

СОУ „ Гимназија Кочо Рацин“, која со гордост го носи името на својот патрон, оваа година се вклучи во одбележувањето на 54 Рацинови средби со следните активности.

Директорот и вработените при СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, со положување на букет цвеќе на бистата на Рацин во училишниот двор на Гимназијата, му оддадоа почит на својот патрон.

Во духот на чествувањето на ликот и делото на Рацин, а во соработка со општина Велес беше распишан конкурс за рецитатори кои интерпретираа стихови од Рациновата поезија од песната „Елегии за тебе“. Младите рецитатори се претставија пред публиката на пригодна свеченост која се одржа на 10 Јуни 2017 година.

Жири комисијата во состав: Васил Зафирчев, актер во Народниот театар „Ј.Х.К.Џинот“ - Велес и Сашо Димоски, драматург во Народниот театар „Ј.Х.К.Џинот“ го проследи нивниот настап и го соопшти своето решение.

1

Првата награда и ја додели на Сандра Танчева, претставник од СОУ„Гимназија Кочо Рацин“ Велес.

Втората награда и припадна на ученичката Росана Бадева од СОУ „Славчо Стојмнески“ - Штип.

Со трета награда го награди ученикот од „ Гимназијата Кочо Рацин“ од Велес, Кире Ацевски.

Нашето училиште во соработка со општина Велес распиша и литературен конкурс на теми инспирирани од поезијата, животот и творештвото на Кочо Рацин. Можност за учество на конкурсот имаа учениците од средните општински училишта од Република Македонија. На конкурсот пристигнаа повеќе творби од неколку градови . Жири комисијата во состав: Соња Карбева, Александра Стојановска, Цветанка Карамаркова и Весна Павлова – професори по македонски јазик и литература од Гимназијата Кочо Рацин“ од Велес ги разгледа пристигнатите творби и донесоа решение да им доделат награди на следните учесници:

Првата награда и припадна на ученичката Дијана Дурлевиќ, од ПСУ „Саба“ – Скопје.

Втората награда жири комисијата и ја додели на ученикот Дино Јанаќиев од „Гимназија Кочо Рацин“ од Велес.

Третата награда ја понесе ученичката Марија Аждерска – ОСУ „Ацо Русковски“ – Берово.

Пофалена е ученичката Елена Костовска – СУГС „Никола Карев“ - Скопје

На 13 Јуни 2017, со традиционалната посета на местото на погибијата на поетот и револуционер Рацин, достојно го заокруживме чествувањето на животот и делото на младиот поет и револуционер. Делегација на професори секоја година го посетува Лопушник и во пазувите на убавата планина му оддава почит на својот патрон. Оваа година честа да му оддадат должна почит им припадна на професорите Габриела Намичева и Борче Ордевски.

Тие положија букет цвеќе на скромниот споменик на поетот и револуционер Коста Солев Рацин.

Стручен Актив по македонски јазик и литертаура

Googlе Translate

Присутни

Денес21
Вчера137
Оваа недела835
Овој месец2648
Вкупно201966

Во моментов присутни

5
корисници

Недела, 20 Август 2017 02:30

Распоред на часеви

raspored dzvonenje

СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија