Натпревар по руски јазик

На ден 13.5.2017 година ,во просториите на Рускиот центар, во Скопје,а под покровителство на Руската амбасада, беше одржана традиционалната Олимпијада по руски јазик,натпревар во кој учество земаат ученици од деветто одделение од основните училишта и ученици од втора година од средните училишта.

1

На натпреварот учествуваа и ученици од СОУ ,,Гимназија Кочо Рацин“од Велес.Ученичките од II-1 клас : Моника Стојановска и Тамара Ристовска, се подготвуваа под менторство на професорот по руски јазик Анета Наковска. Во категоријата ученици од средните училишта тие го освоија четвртото и шестото место и се здобија со пофалници.

По успешно завршениот натпревар учениците присуствуваа на мал коктел ,каде можеа да се запознаат и да воспостават пријателства со учениците од цела Македонија,кои изучуваат руски јазик.Исто така, во Рускиот центар се запознаа и имаа можност да разговараат со вработените во Руската амбасада од кои добија и пригодни подароци кои ја претставуваат руската култура и традиција.

Googlе Translate

Присутни

Денес27
Вчера171
Оваа недела354
Овој месец2009
Вкупно220740

Во моментов присутни

4
корисници

Среда, 13 Декември 2017 04:16

Распоред на часеви

raspored dzvonenje

СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија