Идните доктори во посета на биохемиската лабораторија при ЈЗУ Општа Болница – Велес

Во рамките на редовното реализирање на наставата, учениците од четврта година од нашето училиште, од Природно – математичкото подрачје, група Б, ја посетија биохемиската лабораторија при ЈЗУ Општа Болница – Велес. За време на обиколката на сите работни простории на лабораторијата, вработените со целосна посветеност им објаснија на учениците на кој начин се изработува крвна слика, биохемиски анализи на крв, кои болести се преносливи преку крв и како се прави анализа на урина . Исто така учениците беа практично запознати и со начинот на работата на центрифугалните апарати кои се користат во секоја лабораторија за препарација или анализа на разни флуидни супстанци.

1
2
3
4
5
1/5 
start stop bwd fwd

 

Голема благодарност за приемот и посветеното време и внимание на вработените во Биохемиската лабораторија во нашата Болница. Нашата соработка продолжува во иднина и со останатите оддели при болницата, со една единствена цел - модернизирање и унапредување на наставата по природните науки.

Одговорни професори: Драгана Тевчева и Елизабета Николовска

Googlе Translate

Присутни

Денес27
Вчера153
Оваа недела27
Овој месец3590
Вкупно212222

Во моментов присутни

1
корисници

Понеделник, 23 Октомври 2017 04:19

Распоред на часеви

raspored dzvonenje

СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија