СПОРТСКА ПРОЕКТНА АКТИВНОСТ – ПЛАНИНАРЕЊЕ

Активот по Спорт и Спортски Активности во рамките на проектните активности кои се реализирааат во нашето училиште, традиционално со почетокот на учебната година, организира и реализира еднодневни и повеќедневни планинарски тури на различни локации. На 10.09.2017г, користејќи го прекрасното време заедно со ученици од прва, трета и четврта година од нашата Гимназија реализиравме еднодневна планинарска активност: Велес – с.Папрадиште – планинарски дом „Чеплес“ и обратно.

1
2
3
4
5
6
1/6 
start stop bwd fwd

 

Другарувањето помеѓу учесниците, убавините кои ги видовме и доживеавме, прекрасните пејсажи на масивот Јакупица и врвот Солунска Глава, чистиот воздух, чистата природна изворска вода, капините, малините, будат посебни чувства во секој од нас повторно и повторно да посакаме да бидеме дел од таа авантура, да бидеме дел од таа недопрена природа.

Се надеваме дека убавото време ќе не послужи и во наредните викенди за да можеме да им ја пренесеме и всадиме љубовта кон планината и планинарењето на што поголем број Гимназијалци.

АКТИВ ПО СПОРТ И СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ

Реализатори: Петре Петрушевски и Зоран Јованов

Googlе Translate

Присутни

Денес27
Вчера153
Оваа недела27
Овој месец3590
Вкупно212222

Во моментов присутни

1
корисници

Понеделник, 23 Октомври 2017 04:19

Распоред на часеви

raspored dzvonenje

СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија