АКТИВНОСТИ НА ЕКОЛОШКИОТ ОДБОР НА ГИМНАЗИЈАТА

Во рамките на активностите и задачите дадени од страна на Локалната заедница – Општина Велес, а во согласност со Програмата на Еколошкиот одбор при СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, во месец март се извршени сите планирани активности.

1
2
3
4
5
1/5 
start stop bwd fwd

 

Еко-одборот и еко-патролите, заедно со сите наставници, ученици и другите вработени во нашето училиште, ги извршија следните активности: учество во работната акција организирана од Граѓанското здружение „Акцијаш – ветерани“, заедно со акцијашите од Првата доброволна бригада „Кочо Рацин“, чистење на училниците и собирање на хартија и пластика, разубавување на училниците со садење цвеќиња и садници во еко-училницата. Распишан беше и литературен и ликовен конкурс на тема: „Чиста околина – здрав живот“. Дипломите на наградените ученици ќе им бидат врачени на 21 Април – Денот на Планетата Земја.

 

 

Одговорни членови на Еколошкиот одбор: Елизабета Николовска, Јовица Темов

 

Googlе Translate

Присутни

Денес242
Вчера851
Оваа недела2799
Овој месец12818
Вкупно375325

Во моментов присутни

8
корисници

Петок, 24 Мај 2019 07:46
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија