Изведба на театарската претстава „Плодна година“ со хуманитарен карактер

На 23 април 2019 година, во салата „Бели мугри“, младите актери – ученици при СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, повторно ја изведоа театарската претставата „Плодна година“ од хрватскиот писател Симиша Посриќ. Со својата успешна актерска игра тие измамија искрени насмевки на лицата на својата публика.

1
2
1
2
1/2 
start stop bwd fwd

Овојпат изведбата имаше хуманитарен карактер. Театарската претстава се реализираше во соработка со Општинската организација на Црвен крст на град Велес и програмата ЦКА – ПХВ. Собраните средства од претставата ќе бидат наменети за потребите на наша сограѓанка.

Се надеваме дека со ваквите хумани проекти ќе продолжиме во иднина, а единствена цел ни е да им помогнеме на оние на кои помошта им е неопходна.

Стручен актив по Македонски јазик и литература

Googlе Translate

Присутни

Денес105
Вчера653
Оваа недела758
Овој месец15157
Вкупно481399

Во моментов присутни

2
корисници

Вторник, 22 Октомври 2019 03:45
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија