ПОКАЗНА СИМУЛАЦИСКА ВЕЖБА

Во нашето училиште на 23 април 2019 година, се одржа симулациска вежба за евакуација на учениците и вработените во училиштето. Реализацијата на вежбата е резултат на претходно одржаната обука и претставуваше можност за практично имплементирање на стекнатото знаење на вработените и учениците.

Подготовката и реализацијата на вежбата беше во соработка со тимови за прва помош на Црвен крст на Република Македонија и Општинската организација на Црвен крст – Велес, тимот за прва помош на нашето училиште, професорите, техничкиот персонал и учениците.

Пред одржувањето на симулациската вежба, се одржаа координативни состаноци, со цел повторно разгледување на плановите за евакуација и конкретните постапки што треба да се преземат, а по завршување на вежбата следуваа состаноци за евалуација на вежбата и насоки за имплементирање на законската легислатива.

01
02
03
04
05
06
07
08
09
1/9 
start stop bwd fwd

 

Показната вежба во која се симулираше земјотрес, се одвиваше според претходно подготвено сценарио и истата беше спроведена со висока оцена на координираност и навременост.

Персоналот и учениците успешно се евакуираа до одреденото место предвидено во планот, каде што професорите ја потврдија точната бројка на ученици.

По успешно извршената евакуација, претставниците на тимовите за прва помош на Црвен крст на Република Македонија, Општинската организација на Црвен крст – Велес и тимот за прва помош на училиштето, ги демонстрираа знаењата на полето на првата помош преку заедничка интервенција со персоналот за помош на повредени лица.

Со реализацијата на оваа симулациска вежба, значително се придонесе кон зајакнување на локалните капацитети за намалување на ризици од катастрофи.

Координатори на активностите:

Петре Петрушевски

Илија Попов

Googlе Translate

Присутни

Денес113
Вчера653
Оваа недела766
Овој месец15165
Вкупно481407

Во моментов присутни

4
корисници

Вторник, 22 Октомври 2019 04:18
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија