ОБУКА ЗА НАСТАВНИЦИ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ ЕРАЗМУС+

Во рамките на проектот Еразмус+ беше и обуката наменета за примена на ИКТ во мултикултурни средини. Обуката во Фаро-Португалија е од големо значење за нашето училиште како мултиетничко и за нас како наставници.

Самата обука ни помогна да се стекнеме со иновативни начини кои би ја забрзале, олесниле и поттикнале интеграцијата во етнички средини.Современите технологии се дел од секојдневието на нашите ученици.

На обуката се стекнавме со вештини како тие да бидат поттик, а не пречка за успешен час. Научивме многу нови образовни ИКТ-апликации и алатки со чија помош би се надминале јазичните прашања како и културните разлики, но и такви со чија помош би можело да им се помогне и на ученици со посебни потреби

1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
01/11 
start stop bwd fwd

 

Преку стекнатите иновативни начини за работа во училница како и многуте веб-апликации корисни во мултикултурно и европско училиште, ќе можеме да ги мотивираме, поттикнуваме и упатуваме учениците кон решавање на проблемите и предизвиците исправени пред нив.

Се работеше во пријатна и позитивна атмосвера. Покрај нашите наставници: Гордана Саздова и Ангелина Додов, на оваа обука, која е организирана од страна на провајдерот ACJI Training, имаше учесници и од Италија, Германија и Грција, со кои се развија долготрајни пријателства, со надеж за идни партнерства во некој нареден проект.

Googlе Translate

Присутни

Денес239
Вчера851
Оваа недела2796
Овој месец12815
Вкупно375322

Во моментов присутни

8
корисници

Петок, 24 Мај 2019 07:39
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија