СОУ„Гимназија Кочо Рацин“- СОУ„Гимназија Кирил и Методиј“

На 5.2.2015 година во училишната сала на СОУ „Кирил и Методиј“ - Неготино гостуваше ракометната машка и женска екипа на нашата Гимназија. Натпреварите беа одлична можност за проверка на формата на екипите пред почетокот на општинските лиги во машка и женска конкуренција, каде што ќе настапува и нашето училиште.

P2050217

На првиот напревар одиграа машките екипи, солидно, мотивирано и дисциплинирано. Натпреварот беше неизвесен, но домашната екипа понесена од атмосферата која ја имаше од публиката победи со резултат 15:12.

Во вториот натпревар одиграа женските екипи. Домашната екипа беше составена од академијата на р.к. „Вардар“ – Неготино. Нашата екипа беше значително поквалитетна и одигра одличен напревар, со убедлива победа одпостигнат резултат 20:05.

P2050229

Ракометна Академија – Р.К. Бисинов- Вардар

Ракометната академија го одигра вториот пријателски натпревар со ракометниот клуб Бисинов Вардар и постигна убедлива победа од 27 :18.

Натреварот беше одлична можност на учениците да покажат што работеле на изминатите тренинзи и успех кој се покажува со нивниот постигнат краен резултат за Ракометната академија.

P2050230

Особено задоволство од перформансите кои учениците ги покажаа на теренот, искажаа и менторот Зоран Кочов, како и тренерот Златко Стојковски.

Како дополнителен мотив за учениците беше присуството и поддршката што ја добија од другите ученици на нашата Гимназија.

Голема благодарност до професорите на активот по Спорт и спортки активности за подршката на натпреварот и одличната тимска соработка која ја прикажаа на напреварот.

Одговорен професор:

Зоран Кочов

Googlе Translate

Присутни

Денес28
Вчера153
Оваа недела28
Овој месец3591
Вкупно212223

Во моментов присутни

1
корисници

Понеделник, 23 Октомври 2017 04:32

Распоред на часеви

raspored dzvonenje

СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија