Прво место во ракометната општинска лига во машка и женска конкуренција

Учениците од нашата Гимназија одиграа одлично, дисциплинирано и мотивирано, со брза игра и брза трансформација од напад во одбрана. Преку ракометна игра, тие ги покажаа карактеристиките на модерниот ракомет. Како најпрецизен во тимот на нашето училиште се истакна ученикот Никола Јованов со седум постигнати гола.

1
2
3
4
5
6
1/6 
start stop bwd fwd

 

На 5 март 2015 година се одигра натпреварот за прво место во општинската ракометна лига меѓу екипите на СОУ„Гимназија Кочо Рацин“- и ССОУ„Коле Неделковски“.

Во првото полувреме натпреварот започна резултатски изедначено со противникот, а во второто полувреме текот на играта се смени и квалитетот на нашите ученици дојде до израз. Добрата физичка, психича и тактичка спремност на учениците од нашата Гимназија им овозможи постигнат резултат со пет гола разлика.

Како најефикасен во натпреварот беше ученикот Христијан Ременски со постигнати шест гола. Иако нашите ученици од ракометниот тим се најмлади од сите останати училишни ракометни тимови во општинската лига, сепак постигнаа одлични резултати и докажаа дека во оваа екипа има потенцијал за високи врвни достигнувања.

Табела:

    Одиграни натпревари Победи Нерешени Игубени Голови Бодови  
1. СОУ„Гимназија Кочо Рацин“ 3 3 0 0 72:38 6  
2. ССОУ„Коле Неделковски“ 3 2 0 1 51:46 4  
3. СОУ„Јовче Тесличков“ 2 0 0 2 25:36 0  
4. СОУ„Димитрија Чуповски“ 2 0 0 2 24:55 0  

Одговорен наставник

проф. Зоран Кочов

 

Googlе Translate

Присутни

Денес27
Вчера171
Оваа недела354
Овој месец2009
Вкупно220740

Во моментов присутни

3
корисници

Среда, 13 Декември 2017 04:18

Распоред на часеви

raspored dzvonenje

СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија