ОСВОЕНО ПРВОТО МЕСТО НА ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР ПО ПРВА ПОМОШ

Екипата при Гимназија Кочо Рацин учествуваше на општински натпревар во пружање прва медицинска помош. Организатор на натпреварот беше Општинската организација Црвен крст Велес. Натпреварот се одржа во основното училиште „Блаже Конески“. Сите работни пунктови беа распоредени во повеќе делови на училиштето. Нашата екипа беше составена од шест ученици: Данаиловски Дамјан, Терзиев Теодор од III7 клас, Митева Деспина од III5 клас, Стојановска Наталија, Клифова Ивана од I 2 клас и Чанев Александар од I3 клас под менторство на проф. Евгени Ѓуров.

1
2
3
4
5
6
7
1/7 
start stop bwd fwd

 

На натпреварот учестсвуваа екипи на подмладок од сите основни училишта и екипи на младина од сите средни училишта од градот. Со овие натпревари младите се оспособуваат да помогнат на повредени при различни незгоди кои се случуваат секојдневно.

Нашата екипа го освои првото место во конкуренција на екипи од сите средни училишта од градот. Со тоа се здобивме со право на учество на републичкиот натпревар кој ќе се одржи во септември.

Натпреварот се одржа под мотото „Прва помош за сите“.

Одговорни професори:

Евгени Ѓуров

 

Googlе Translate

Присутни

Денес105
Вчера653
Оваа недела758
Овој месец15157
Вкупно481399

Во моментов присутни

2
корисници

Вторник, 22 Октомври 2019 03:45
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија