Успешно учество на Школата за млади физичари

На 27 и 28 Ноември 2015 година во Скопје беше одржана Школата за млади физичари. Посетителите на Школата имаа можност да проследат повеќе демонстрации со демонстрациони експерименти и да учествуваат на мини тест натпреварот. Нашето училиште секогаш се стреми да ги вклучи своите ученици во сите проекти кои придонесуваат за развој на нивната креативност и иновативност. Школата за млади физичари беше убава можност нашите ученици да ги покажат своите знаења и вештини, па затоа нашето училиште го претставуваа поголем број на ученици: Марија Мијакова IV-3, Наталија Чанева IV-5, Олга Миљковиќ III-4, Катерина Атанасовска III-4, Костадин Атанасов III-4, Џоневски Јованче III-3, Тања Илиевска III-1, Бојана Маркова III-1, Ивана Митевска III-1,под менторство на професор Ангелина Додов и Чејкова Ангела II-3, Стојановска Наталија II-3, Стојановска Вероника II-3,Петровска Љубица II-3 под менторство на професор Драгана Тевчева. Ученичките: Марија Мијакова и Наталија Чанева освоија второ место во делот за демонстрациони експерименти , додека Наталија Стојановска и Ангела Чајкова освоија трето место во делот посветен на демонстрациите. Јованче Џоневски освои трето место на тест натпреварот. Останатите ученици постигна солидни резултати и се стекнаа со сертификат за учество на Школата.

1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
01/18 
start stop bwd fwd

 

Наставници –ментори

Ангелина Додов

Драгана Тевчева

 

Googlе Translate

Присутни

Денес105
Вчера653
Оваа недела758
Овој месец15157
Вкупно481399

Во моментов присутни

4
корисници

Вторник, 22 Октомври 2019 03:44
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија