Мојот јазик-мојот идентитет

Денес (22.02.2016год.) во медиотеката на ЛБ „Гоце Делчев“ со почеток од 12:00 часот беа доделени дипломите по повод литературниот конкурс „Мојот јазик-мојот идентитет“. Истиот беше распишан од страна на Советот на млади во соработка со локалната библиотека „Гоце Делчев“ по повод патрониот празник на библиотеката како и меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Конкурсот беше поделен во две категории, односно ученици од I-II година и III-IV година средно образование. Наградени беа и ученици од нашето училиште.

1
2
3
4
1/4 
start stop bwd fwd

 

Во категоријата за ученици од I и II година ученичката Симона Борова II-3 клас освои трета награда под менторство на проф. Александра Стојановска.

Во категорија за ученици од III и IV година наградени се следните :

Ученичката Цветанка Мирова III-5 клас под менторство на проф. Магдалена Сарагинова освои втора награда.

Цветанка Ацева III-6 клас под менторство на проф.Аледксандра Стојановска освои трета награда.

Им честитаме на победниците и воедно ги охрабруваме учениците од нашата Гимназија и во иднина да творат на мајчиниот јазик кој е богатство за секој народ.

проф. Александра Стојановска

 

Googlе Translate

Присутни

Денес27
Вчера153
Оваа недела27
Овој месец3590
Вкупно212222

Во моментов присутни

1
корисници

Понеделник, 23 Октомври 2017 04:20

Распоред на часеви

raspored dzvonenje

СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија