Општински и регионален натпревар по биологија

На општинскиот натпревар по биологија во организација на Друштвото на биолози на Р.Македонија, кој се одржа во нашата Гимназија, учествуваа ученици од прва и втора година од нашето училиште. Учениците ги освоија првите три места и се здобија со право за учество на регионалниот натпревар кој се одржа во Кавадарци во Гимназијата „Добри Даскалов“ на 26 март 2016 година.

12498998_1139206429442921_1925325456_n
12596183_1139206392776258_1079162123_n
12721987_1139206482776249_413203363_n
12884359_1139206416109589_1072733626_n
12899767_1139206612776236_985484078_n_1
1/5 
start stop bwd fwd

 

На регионалниот натпревар првото место му припадна на ученикот Михаил Донев од I -1 клас, а ученичката Пале Ѓорѓиева од I-4 клас го освои третото место.

Уште шест ученици од прва и втора година добија пофалници и право на учество на државниот натпревар кој ке се одржи на 23 април на Природно математичкиот факултет во Скопје.

Честитки за учениците и се надеваме на понатамошни успеси.

Одговорен професор:

Елизабета Николовска

 

Googlе Translate

Присутни

Денес129
Вчера310
Оваа недела2320
Овој месец6502
Вкупно348099

Во моментов присутни

1
корисници

Сабота, 23 Март 2019 14:28
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија