Регионален натпревар по хемија

Гимназијата „Добри Даскалов“ од Кавадарци на 09.04 2016 година беше домаќин на Регоналниот натпревар по хемија за учениците од средните училишта за 2016 година. На натпреварот, стекнатите знаења и вештини по овој предмет, ги презентираа четириесет ученици од т.н. четврти регион кој ги опфаќа општините: Валандово, Велес, Гевгелија и Кавадарци.

slika

 Нашето училиште учествуваше на натпреварот, а го претставуваа ученици од I, II и III година.

Учесници од I година беа учениците: Александра Митева, Иво Нерков и Борис Даев кои се подготвуваа под менторство на професор Марјан Стојановски.

Ученичката Наталија Стојанова беше наш претставник од II година и исто така се подготвуваше под менторство на професор Марјан Стојановски.

Учество на натпреварот земаа и учениците од III година: Андреј Кодовски, Олга Миљковиќ, Марин Наумовски и Бојан Јаневски под менторство на професор Маја Миленковиќ.

Според покажаните резултати , класирани во три натпреварувачки категории, на Регионалниот натпревари нашите љубители и проучувачи на хемијата ги освоија следните резултати:

I категорија

  • Александра Митева од II5 клас – II место
  • Иво Нерков од II5 клас – III место
  • Борис Даев од II5 клас – V место

II категорија

  • Наталија Стојановска од II3 клас – II место

III категорија

  • Андреј Кодовски од III2 клас – I место
  • Олга Миљковиќ од III4 клас – II место
  • Марин Наумовски од III1 клас – VII место
  • Бојан Јаневски од III5 клас – VIII место

Пласман за учество на Државниот натпревар кој ќе се одржи на 14.5.2016 година во Скопје обезбедија учениците:

I категорија

  • Александра Митева од II5 клас
  • Иво Нерков од II5 клас

II категорија

  • Наталија Стојановска од II3 клас

III категорија

  • Андреј Кодовски од III2 клас
  • Олга Миљковиќ од III4 клас

Одговорни наставници:

Марјан Стојановски

Маја Миленковиќ

Googlе Translate

Присутни

Денес21
Вчера137
Оваа недела835
Овој месец2648
Вкупно201966

Во моментов присутни

5
корисници

Недела, 20 Август 2017 02:28

Распоред на часеви

raspored dzvonenje

СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија