Државен натпревар по биологија

На ден 20.5.2017 година, на Природно – математичкиот факултет се одржа државниот натпревар по биологија на кој гимназијалецот Михаил Донев од втора година го освои првото место. Оваа награда на ученикот му донесе можност за студирање на истиот факултет со платена партиципација за прва година, а со постигнат просек во другите години, бесплатното студирање продолжува. Очекуваниот успех беше неизбежен поради вложениот труд на ученикот.

1
2
1
2
1/2 
start stop bwd fwd

 

Даниела Василеска од трета година од нашата Гимназија го освои третото место на овој натпревар.

Честитки и за Антонио Јованов од втора година како и за учениците од прва година: Марија Николова, Ивона Андреевска и Магдалена Кировска кои се стекнаа со пофалници за учество на овој натпревар.

Одговорeн професор:

Елизабета Николовска

Натпревар прва медицинска помош

На ден 19.5.2017 година, учениците:Горјан Марков, Ивана Клифова, Марија Стојановска, Наталија Стојановска, Стефан Витанов, Александра Митева и Давор Давчевски, членови на Организацијата на Црвениот крст при Гимназијата „Кочо Рацин“ се натпреваруваа во давање прва медицинска помош. Натпреварот се одржа во Младинскиот парк во нашиот град. Тимот во состав од овие ученици го освои првото место и стекна право за учество на Републичкиот натпревар кој ќе се одржи во Скопје во месец Септември.

Одговорeн професор:

Елизабета Николовска

Googlе Translate

Присутни

Денес28
Вчера153
Оваа недела28
Овој месец3591
Вкупно212223

Во моментов присутни

1
корисници

Понеделник, 23 Октомври 2017 04:31

Распоред на часеви

raspored dzvonenje

СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија