Натпревар по филозофија

По минатогодишниот успех и освоеното прво место на ученикот Илина Димовска, и оваа година дел од учениците од IV-та година учествуваат на натпреварот по филозофија кој е дел од образовната програма на VIII-от Филозофски филмски фестивал во организација на Филозофското друштво на Македонија. Форматот на натпреварот подразбира задавање на еден култен филм како видео лектира и негова филозофско-есеистичка обработка од страна на учениците во форма на есеј на тема: Правото на силата или силата на правото. За таа цел, во кабинетот по филозофија на 05.03.2018 година беше организрано предавање и одржана проекција на овогодинешната зададена видео лектирата, поточно филмот на Џон Форд - Човекот кој го застрела Либерти Валанс од 1962-та година.

1
2
3
1/3 
start stop bwd fwd

 

Пред проекцијата, предметниот наставник д-р Бошко Караџов одржва кратко воведно предавање за американската вестрен култура (American Old West), американскиот политички систем и историските идеолошки теченија, како и за основните прашања на филозофската рефлексија на правото и правдата. По филмската проекција започнаа модерирана дебата за одредени филозофско-политички, општествено-правни аспекти и современи појави кои филмот ги загатнува. Учениците учесници на натпреварот, под менторство на д-р Караџов продолжуваат да работат на изработката на филмософските есеи и очекуваат повторно едно првите три места.

 

 

Актив за општествени науки и хуманистика

Googlе Translate

Присутни

Денес771
Вчера692
Оваа недела2989
Овој месец14336
Вкупно458368

Во моментов присутни

8
корисници

Четврток, 19 Септември 2019 23:56
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија