РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ЛИТЕРАТУРА

На 6. IV 2019 година, во ООУ „Гоце Делчев“ – Неготино, се одржа Регоналниот натпревар по Македонски јазик и литература.

1
2
1
2
1/2 
start stop bwd fwd

 

Оваа година од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес, учествуваа ученици од втора и трета година, во две категории: мајчин и немајчин јазик.

 

Првото место, во категоријата мајчин јазик од трета година, го освои ученичката Анета Солунска од III-3 клас, под менторство на професор Јовица Темов.

 

Второто место, во категоријата мајчин јазик од втора година, го освои ученичката Тамара Велкова од II-2 клас, под менторство на професорката Магдалена Сарагинова.

 

Солидни резултати постигнаа и учениците во категоријата немајчин, македонски јазик. Од трета и втора година се натпреваруваа учениците: Хурмете Амзова од III-6 клас и Сенафи Адемов од II-6 клас, под менторство на професорката Весна Павлова.

 

Честитки до сите ученици, учесници на Регионалниот натпревар, им посакуваме успеси и на Државниот натпревар.

 

 

Актив по Македонски јазик и литература

 

Googlе Translate

Присутни

Денес197
Вчера358
Оваа недела1236
Овој месец6175
Вкупно357602

Во моментов присутни

2
корисници

Четврток, 18 Април 2019 19:01
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија