SEECEL

naslovna2

Во рамките на проектот SEECEL како последна фаза од 25-27 февруари 2016 година, група наставници заедно со Директорот од нашата Гимназија беа...

Повеќе: SEECEL во посета на Република Србија

naslovna

Во рамките на проектот SEECEL, а како една од неговите завршни фази, нашата Гимназија беше домаќин на пилот училиште во овој проект од Нови Сад...

Повеќе: ПРОЕКТ SEECEL

naslovna

Во текот на учебната 2014/15 година во склоп на проектот SEECEL беа реализирани повеќе активности меѓу кои беше и посетата на претприемачи и сопственици на успешни...

Повеќе: SME WEEK

ЗА ПРОЕКТОТ SEECEL

SEECEL-South East European Center for Entrepreneurial Learning преставува регионален центар за развој на претприемничкото учење за земјите од Југоисточна Европа.Во него се вклучени неколку земји кои не се членки на ЕУ-Турција,Албанија и земјите од бившите југословенски простори,вклучително и нашата.

Во моментов со овој проект се опфатени само четири средни пилот училишта од Република Македонија-две од Скопје, едно од Прилеп и нашата Гимназија како единствена од нашиот град.

Целта на SEECEL проектот е развивање на претприемничкиот дух кај учениците, како и поттикнување и стимулирање на нивниот креативен потенцијал.Секое пилот училиште , а следејќи ги инструкциите од Регионалниот центар во Загреб, има слобода да ги испланира активностите во рамките на проектот, а според сопствената визија и креативност.Според акциониот план на нашето училиште, активностите ќе се реализираат во рамките на предметите Историја,Географија,Ликовна уметност, Бизнис и претприемништво и Македонски јазик и литература.Сите тие ќе бидат имплементирани во функција на создавање на еден завршен производ т. е. отварање на сувенирница во една од просториите на нашето училиште.Сите сувенири кои ќе бидат изложени во нејзе ќе бидат инвентивни креации на наши ученици опфатени со проектот.

Преку реалзирање на оваа крајна цел на проектот, наша идеја е да го промовираме историското и културното наследство на нашиот роден град и секако на нашата Гимназија.

Бидејќи сме пилот училиште во овој проект, особено е важно да се напомене дека сите наставници кои работат врз реализација на неговите претприемнички цели веќе од наредната година ќе бидат ментори на следните колеги - наставници во Република Македонија кои ќе бидат опфатени со SEECEL.

Одговорен професор:

Соња Трајчева

Googlе Translate

Присутни

Денес28
Вчера153
Оваа недела28
Овој месец3591
Вкупно212223

Во моментов присутни

2
корисници

Понеделник, 23 Октомври 2017 04:26

Распоред на часеви

raspored dzvonenje

СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија