Размена на ученици, Анкара - Турција

Во периодот од 26.02.2016 до 6.03.2016 во Анкара, Турција професорката Ангелина Додов и учениците Андреј Кодовски, Тијана Димова, Константин Атанасов, Даниел Андоновски и Олга Миљковиќ учествуваа во проектот за размена на млади A Basic Approach for Disabled Students “TEY 101” организиран од Erasmus + во соработка со Ankara Üniversitesi. Беа вклучени млади луѓе од 6 земји Австрија, Хрватска, Македонија, Литванија, Косово и Турција. Во проектот учествуваа 38 студенти и средношколци. Преку овој проект, ние стекнавме знаења за младите луѓе со попречености - за слепите лица, за глувонемите лица, и за тешкотиите со кои тие се соочуваат во Турција, при што ги научивме основите на меѓународниот знаковен јазик.

1
10301171_613665155447356_1894112080277871772_n
12066003_613664505447421_124217754796503660_n
12795509_613661285447743_4752069705766461295_n
12801427_10201576357566581_856533118076158194_n
12809569_613666035447268_6459333800973865497_n
2
3
4
5
6155_613663612114177_2948790322274907401_n
DSC_0409
DSC_0429
DSC_0433
DSC_0436
DSC_0485
DSC_0504
DSC_0519
IMG_20160227_153143
01/19 
start stop bwd fwd

 

Покрај ова, детално се запознавме со состојбата на децата без родители во Турција и со кампањата #18istooearly #18yascokerken чии активисти се залагаат за тоа децата без родители да можат да ги напуштаат сиропиталиштата подоцна од 18-та година за да можат да се интегрираат во турското општество.

Овој проект беше спроведуван преку работилници и интерактивни предавања одржани од неколку предавачи и координатори на проектот. Покрај сознанијата за младите луѓе со попречености од Турција, еден од најбитните сегменти од проектот беше создавањето на средина без бариери во која се оствари интеркултурна интеракција, преку која се запознавме со многу европски култури. Оваа интеркултурна интеракција не беше само интеревропска туку и интерконтинентална, бидејќи детално се запознавме и со дел од азиската култура преку градската тура низ Анкара и преку многуте нешта кои ги научивме за Турција во текот на нашиот 10 дневен престој.

Googlе Translate

Присутни

Денес60
Вчера180
Оваа недела1006
Овој месец3861
Вкупно207519

Во моментов присутни

1
корисници

Недела, 24 Септември 2017 10:35

Распоред на часеви

raspored dzvonenje

СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија