РАЗМЕНА НА УЧЕНИЦИ ЕРАЗМУС+ ВО ЗАТОНИЕ – ПОЛСКА

Програмата за семинари и обуки за размена на ученици Еразмус+ продолжува и понатаму. Во периодот од 22.04.2016 до 30.04.2016 година во Затоние, Република Полска, се одржа уште една размена на која отпатуваа учениците од IV година: Бојан Страчковски, Јована Јаневска, Илија Вишинов, Бојана Страчковска, Мартин Митушев, Ивона Солунска и Драган Арсовски. Покрај нашите претставници на размената допатуваа уште дваесет и четири ученици од Полска, Турција и Романија.

Во пријатна и релаксирачка атмосфера, опкружени од преубавото езеро Лубие и прекрасната шума на рекреативниот центар „Полубие“, каде што и бевме сместени, се стекнавме со нови знаења за различните техники за изработка на рачни ракотворби. Гостопримливоста на нашите домаќини беше на високо ниво. За време на посетата на селото Вауч, имавме можност во живо да погледнеме како работат дел од полските занаетчии. Исто така,при посетата на замокот во Тучно се запознаеме со дел од полската историја . Имавме и несекојдневна прилика да бидеме дваесет метри под земја во германски бункер од Втората светска војна за да дознаеме каков бил живот на германските војници во тие воени години. Нашето присуство на оваа размена на ученици беше прилика да им ги претставиме на учесниците од останатите земји нашите традиционални занаети, фолклор и традиционалната македонска кујна. Тие имаа можност да ги вкусат јадењата што ние ги приготвивме и со големо задоволство можеме да кажеме дека навистина беа импресионирани.

1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
01/15 
start stop bwd fwd

 

Оваа размена, не само што ни ги прошири нашите знаењата за различните техники за рачни изработки, туку ни го прошири и кругот на новостекнати пријатели. Се запознавме со многу пријатни луѓе, вистински пријатели, со кои разделбата навистина ни беше тешка,Сепак се збогувавме со ветување за повторна средба.

Ова е уште пример за тоа како овие размени и тренинг програми позитивно влијаат врз развојот на нас, средношколците. Се надеваме дека нашата Гимназија ќе продолжи со реализација на проекти од ваков ,се разбира под покровителство на Еразмус + програмата.

Подготвил: Бојан Страчковски IV-7клас

СОУ „Гимназија Кочо Рацин “ Велес

Googlе Translate

Присутни

Денес21
Вчера137
Оваа недела835
Овој месец2648
Вкупно201966

Во моментов присутни

5
корисници

Недела, 20 Август 2017 02:28

Распоред на часеви

raspored dzvonenje

СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија