Летни математички кампови како повеќекратни настани во проектот Математички лавиринт

Проектот Математички лавиринт е двегодишен проект во клучната акција Стратешки партнерства за иновации и размена на добри практики во програмата Еразмус + чиј координатор е Гимназијата Кочо Рацин од Велес. Партнер организации се две училишта од Италија и Бугарија, математичка асоцијација од Кипар, здружение на математичари од Југоисточна Европа MASSEE и Универзитетот Гоце Делчев Штип.

Како дел од планираните активности со проектот во месец јули се реализираа Математичките кампови во Македонија, Италија и Бугарија. На камповите земаа учество по 30 ученици од секоја од државите и по неколку наставници. На пет дневните кампови се тестираше ефективноста на Интерактивната книга Математички лавиринт http://www.math-labyrinth.eu/math-labyrinth-interactive-book/

1
2
3
4
1/4 
start stop bwd fwd

 

Математичкиот камп во Македонија се реализираше во планиското одморалиште Михајлово. За време на кампот учениците ја користеа интерактивната книга со реални математички проблеми. Тие решаваа почетен и финален тест со цел да се согледаат нивните вештини и способност за решавање реални проблеми. Во текот на користењето на интерактивната книга, наставниците користеа евалуциони инструменти и формулари со кои се следеше мотивираноста, пристапот кон решавање на реални проблеми, потребата од дополнителна помош и отворени образовни ресурси. Учениците беа мотивирани да решаваат математички проблемски задачи применливи во реалниот свет.

Учениците беа среќни и заинтересирани за активностите во кампот. Тие ја запознаа природната убавина на планината Кожуф преку прошетка низ планинските патеки и многуте спортски активности.

Како резултат на успешно завршените активности на учениците и наставниците им беа врачени сертификати.

Наставници одговорни за Проектот Математички Лавиринт

Googlе Translate

Присутни

Денес27
Вчера153
Оваа недела27
Овој месец3590
Вкупно212222

Во моментов присутни

1
корисници

Понеделник, 23 Октомври 2017 04:18

Распоред на часеви

raspored dzvonenje

СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија