MALTA – ТРЕНИНГ ОБУКА

Во периодот од 28 јануари до 1 февруари 2019 година, преку Проектот Еразмус+ се реализираше обуката во Малта, организирана во Executive Training Institute Malta.

1
2
3
4
1/4 
start stop bwd fwd

 

Овој тренинг беше посветен на изведување на настава по странски јазици и тоа во 15 клучни области преку кои се изведува и треба да се изведува наставата по странските јазици насекаде во Европа и светот.

Работниот наслов на обуката беше SPICE UP YOUR TEACHING -METHODOLOGY IN PRACTICE TODAY, а тренинг-професор – Џоди Ибинсон.

На оваа обука од нашето училиште учествуваа професорките по странски јазици: Љубица Темелковска, професорка по француски јазик и Мимоза Костоска, професорка по англиски јазик.

Обука беше успешно завршена и нашите професорки добија сертификати од ЕТИ-центарот во Малта. Исто така во овој Центар учествуваа и професори од Полска, Русија, Грузија како и од Македонија сè со цел да се стекнат нови и посовремени приоди во изучувањето на странските јазици.

Googlе Translate

Присутни

Денес113
Вчера653
Оваа недела766
Овој месец15165
Вкупно481407

Во моментов присутни

3
корисници

Вторник, 22 Октомври 2019 04:21
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија