АПЛИКАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО НА МОБИЛНОСТ ПРЕКУ ПРОЕКТИ ВО ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+ ВО УЧЕБНАТА 2019/2020 ГОДИНА

Почитувани наставници,

СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ во учебната 2019/2020 година, во рамките на програмата Еразмус+ реализира седум проекти во клучната акција за стратешки партнерства за размена на добри практики во училишното образование, кои во своите предвидени активности вклучуваат краткорочни размени (обуки) за ученици и наставници.

Заинтересираните наставници ќе можат да аплицираат за придружба на група ученици при реализација на краткорочна размена во рамките на проектите во програмата Еразмус+ за учебната 2019/2020 година.

Сите заинтересирани наставници може да го пополнат Формуларот за аплицирање само еднаш најдоцна до 16.09.2019 година. Потребната документација ќе биде дополнително побарана од страна на комисијата за прегледување на документите.

Некомплетен формулар за аплицирање и документација нема да биде предмет на разгледување.

Линк кон АПЛИКАЦИЈА             https://forms.gle/mzf1N5oDHVoCJuRq6

1

*за да пристапите кон формуларот за аплицирање треба да отворите или користите кориснички профил на google (gmail)

Googlе Translate

Присутни

Денес110
Вчера653
Оваа недела763
Овој месец15162
Вкупно481404

Во моментов присутни

4
корисници

Вторник, 22 Октомври 2019 04:11
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија