Вовед

Од учебната 2001/2002 година во Република Македонија се применува нов Наставен план за гимназиското образование, којшто, како краткорочно решение, претрпе промени во 2003/2004 година, бидејќи во  периодот на неговата примена се појавија извесни проблеми и потешкотии. Аналагоно на тоа и во нашето училиште се реализира реформирано гимназиско образование во согласност со настанатите промени. .
Вкупниот годишен фонд на часови во гимназиското образование е следниот:

  • во I година 31 (33) часа;
  • во II година 33 (35) часа;
  • во III година 31-32 (33-34) часа;
  • во IV година 29 (31) часа.

Со Наставниот план се утврдени компонентите кои се задолжителни за сите ученици и рамките во кои треба да се движат училиштата при утврдувањето на останатите компоненти на наставниот план. Наставниот план е структуриран од четири организациско-содржински компоненти:

  • задолжителни предмети,
  • изборни предмети,
  • задолжителни изборни програми
  • проектни активности.

Задолжителни предмети

 

Задолжителните предмети го сочинуваат заедничкото програмско јадро и тие се заеднички и задолжителни за сите ученици во гимназиското образование. Тие се претпоставка за обезбедување на општообразовен стандард кој овозможува хоризонтална и вертикална проодност  на учениците. Опфаќаат содржини од современото општо образование коишто во прва година се распоредени во 10 (11) наставни предмети, за постапно да се намалат во четврта година на 5 (6) наставни предмети. Оваа компонента на Наставниот план ја сочинуваат 12 (13) наставни предмети распоредени во четирите години. Тоа, во основа, се поголемиот дел од наставните предмети кои во континуитет продолжуваат од основното образование.
По генерации се изучуваат следните предмети:

Во I година

Во II година

Наставен премет

Неделен фонд

Наставен премет

Неделен фонд

Македонски јазик и литература

4

Македонски јазик и литература

4

Прв странски јазик

3

Прв странски јазик

3

Втор странски јазик

2

Втор странски јазик

2

Математика

3

Математика

3

Физика

2

Физика

2

Хемија

2

Хемија

2

Биологија

2

Биологија

2

Историја

2

Историја

2

Географија

2

Географија

2

Информатика

2

Социологија

2

 

Во III година

Во IV година

 

Наставен премет

Неделен фонд

Наставен премет

Неделен фонд

Македонски јазик и литература

4

Македонски јазик и литература

4

Прв странски јазик

3

Прв странски јазик

3

Втор странски јазик

2

Втор странски јазик

2

Математика

3

Математика

3

Физика

2

Филозофија

3

Хемија

2

Бизнис и преприемништво

2

Биологија

2

 

 

Историја

2

 

 

 

Изборни предмети

 

Изборните предмети имаат функција на продлабочување и проширување на знаењата на учениците. Изборноста е застапена преку наставни предмети кои се јавуваат под ист назив како дел од задолжителните предмети и преку наставни предмети под различни називи од називите на задолжителните предмети кои претставуваат делови или изводи од научните дисциплини.
Во прва година не постојат изборни предмети и наставната програма   е иста и заедничка за сите ученици во гимназиското образование.
Во втора година се изучува еден изборен предмет за кој се определиле учениците. Во нашето училиште учениците имаат можност да се определат за еден предмет од листата на изборни предмети најдоцна до крајот на првата наставна година. Тие можат да изберат од следната листа на изборни предмети:


Наставен предмет

Неделен фонд

Информатичка технологија

2

Латински  јазик

2

Елементарна алгебра

2

Елементарна геометрија

2

Говорење и пишување

2

Етика

2

Изборните предмети во III и IV година се групирани во три изборни подрачја:

  • природно-математичко,
  • јазично-уметничко
  • општествено-хуманистичко подрачје.

Учениците во нашето училиште имаат можност да изберат  од сите три изборни подрачја и групи. Тие се определуваат  за едно во втора година,најдоцна до крајот на наставната година. Со оглед на тоа што во втора година постои разлика само во еден изборен наставен предмет, ученикот може да го смени изборното подрачје   најдоцна до крајот на втората учебна година.
За секое изборно подрачје во трета и четврта година се утврдени листи на изборни предмети. Секое изборно подрачје содржи две комбинации на изборни предмети. Комбинациите на изборните предмети се утврдени врз основа на логичките и функционалните односи помеѓу сродните научни дисциплини. Со овие комбинации на секој ученик му се дава можност да се развива во оној правец во кој ги покажува и изразува своите желби, интереси, способности, како и да се информира и подготви за соодветнистудии.
По определувањето за одредена комбинација на изборни предмети, секој предмет од таа комбинација за ученикот станува задолжителен и влијае врз неговиот општ успех и правото за напредување.


I. ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКО ПОДРАЧЈЕ

Група А

Група  Б

Наставен премет

Неделен фонд

Наставен премет

Неделен фонд

III

IV

III

IV

Алгебра

3

 

Географија

2

 

Линеарна алгебра и аналитичка геометрија

3

 

Латински јазик

2

 

Програмски јазици

 

3

Програмски јазици

2

 

Математичка анализа

 

3

Физика

 

3

Физика

 

3

Хемија

 

3

 

 

 

Биологија

 

3


Наставен план - Комбинација А- Оваа комбинација на изборни предмети  им овозможува  на завршените ученици поголеми шанси  да се запишат на: Електро­технички, Градежен, Архитектонски, Машински и Природно-математички факултет (информатика, математика и физика.)
Наставен план - Комбинација Б- Оваа комбинација на изборни предмети  им овозможува  на завршените ученици поголеми шанси  да се запишат на: Медицински, Земјоделски, Ветеринарен, Технолошки и Природно-математички факултет (хемија, биологија, физика и географија).


II. ЈАЗИЧНО-УМЕТНИЧКО  ПОДРАЧЈЕ

Група А

Група  Б

Наставен премет

Неделен фонд

Наставен премет

Неделен фонд

III

IV

III

IV

Трет странски јазик

3

3

Ликовна уметност

2

2

Латински јазик

2

2

Музичка уметност

2

2

Педагогија

2

 

Педагогија

2

 

Психологија

 

2

Психологија

 

2

Компаративна книжњвност

 

2

Драмска уметност

 

3

Наставен план - Комбинација А- Оваа комбинација на изборни предмети  им овозможува  на завршените ученици поголеми шанси  да се запишат на: Филозофски и Филолошки факултет и на педагошките факултети.
Наставен план - Комбинација Б- Оваа комбинација на изборни предмети  им овозможува  на завршените ученици поголеми шанси  да се запишат на: Факултетот за драмски уметности, Филозофски факултет, Факултетот за ликовна и за музичка уметност.

III. ОПШТЕСТВЕНО-ХУМАНИСТИЧКО  ПОДРАЧЈЕ

Група А

Група  Б

Наставен премет

Неделен фонд

Наставен премет

Неделен фонд

III

IV

III

IV

Вовед во правото

2

 

Етика

2

 

Социологија

2

 

Педагогија

2

 

Латински јазик

2

 

Социологија

2

3

Економија

 

3

Филозофија

 

2

Менаџмент

 

2

Историја

 

2

Логика

 

2

Психологија

 

2

Историја

 

2

 

 

 

Наставен план - Комбинација А - Оваа комбинација на изборни предмети  им овозможува  на завршените ученици поголеми шанси  да се запишат на: Економски, Правен, Филозофски и Филолошки факултет.
Наставен план - Комбинација Б- Оваа комбинација на изборни  предмети  им овозможува  на завршените ученици поголеми шанси  да се запишат на: Филозофски факултет и на педагошките факултети.

 

Googlе Translate

Присутни

Денес26
Вчера171
Оваа недела353
Овој месец2008
Вкупно220739

Во моментов присутни

3
корисници

Среда, 13 Декември 2017 04:08

Распоред на часеви

raspored dzvonenje

СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија