Спортски паралелки во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ Велес

 

Спортската академија по трет пат започнува потрага по спортски таленти во Република Македонија, коишто ќе бидат дел од спортските паралелки во фудбал, ракомет, кошарка и тенис во учебната 2014/2015 година, кои освен во Скопје, ќе бидат распределени и во неколку други градови.

Во Велес во СОУ “Гимназија Кочо Рацин“ ќе бидат отворени паралелки по ракомет и фудбал.

 

Целта на Спортската академија е учениците, спортски таленти да се оспособат да постигнуваат врвни спортски резултати и да се подготвуваат од рана возраст да станат членови на националните спортски селекции за фудбал, ракомет.

Учениците ќе бидат подложени на посебна, специјално за оваа намена, креирана програма за образование и тренинг.
За работа со учениците ќе бидат ангажирани стручни тимови составени од тренер и негов заменик, физиотерапевт, како и меѓународни тренери.

Кандидатите за упис во прва година, ќе бидат селектирани од стручна комисија.

Селекцијата ќе се врши по региони низ цела територија на Република Македонија и ќе се одвива во три фази:
- Скаутирање од стручни лица
- Селекција од стручен тим
- Последна фаза, тестирање на психофизичките способности од страна на стручна комисија

На учениците кои ќе бидат примени во СОУ “Гимназија Кочо Рацин“, а не се од Велес, ќе им биде обезбедено сместување и храна. Превоз до училиштето и до спортските терени ќе биде обезбеден за сите ученици , во согласност со закон.

Листата на локации и датуми на кои ќе се врши првичната селекција како и листата на одговорни контакт лица за секој спорт од конкретната Федерација е следната:

За спортските паралелки по ракомет ( Ракометна федерација на Македонија)

Велес (други градови кои ги опфаќа ова селектирање: Штип, Пробиштип, Кратово, Богданци, Гевгелија, Свети Николе, Берово, Пехчево, Делчево, Виница, Радовиш, Струмица)

Датум: 22.04.2014 (вторник)
Место: Гимназија Кочо Рацин
Време: 10:00 – 13:00 часот

За спортските паралелки по фудбал (Фудбалска федерација на Македонија)

Штип-Велес (други градови кои ги опфаќа ова селектирање: Кочани, Виница, Свети Николе, Пробиштип, Делчево, Кратово, Крива Паланка, Македонска Каменица)

Датум: 09.05.2014 (петок)
Место: Градски стадион Штип
Почеток: 11.00 часот
Собир и евидентирање: 10.00 часот – пријавување кај регионалниот координатор Ѓорги Николов 077/933-730

 

Googlе Translate

Присутни

Денес21
Вчера137
Оваа недела835
Овој месец2648
Вкупно201966

Во моментов присутни

5
корисници

Недела, 20 Август 2017 02:31

Распоред на часеви

raspored dzvonenje

СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија