Одбележување на 85 – годишнината од излегувањето на стихозбирката „Бели мугри“ од Кочо Рацин

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Како и секоја година, така и оваа, традиционално го чествуваме Рацин и
неговата поезија. Оваа, 2024 година, одбележуваме 85 години од излегувањето од
печат на неговата збирка социјална поезија „Бели мугри“. Во малото место
Самобор, во близина на Загреб, во печатницата на Драгутин Шпулер, на 25
ноември, пред 85 години, светлоста на денот падна врз страниците на новата
збирка поезија која излегуваше од печатарските валци. Листови хартија за кои
никој не предвидел дека тие ќе претставуваат мисла водилка за многу идни
генерации.
Во соработка со општина Велес и Локалната библиотека „Гоце Делчев“,
настанот се реализира во медијатеката на Локалната библиотека пред
многубројната публика од нашиот град.Настанот започна со прикажување на
видеозапис за животот и делото на Кочо Рацин под наслов „Бесмртниот“,
подготвен од страна на Локалната библиотека.За значењето на Рациновата
стихозбирка „Бели мугри“, говореше проф.д-р Марија Ѓорѓиева – Димова.
Рацин секогаш имал достојни наследници меѓу учениците во Гимназијата
која со гордост го носи неговото име. Нашите млади рецитатори, вљубеници во
поезијата, ни ги пренесоа Рациновите стихови. Песната „Денови“ ја рецитираше
ученикот Марио Заеков. За маките на „Тутуноберачите“ рецитираше Лидија
Костова, а за мачниот труд на „Копачите“, Лана Басаров. Музичката композиција
„Копачите“ ја интерпретираа ученичките Избаела Жабева и Ива Ракиџиева.
Тажната, баладична судбина на „Ленка“ ни ја раскажа Изабела Жабева, а
музичката композиција „Ленка“ ја интерпретираше ученикот Филип Настов. За
животот исполнет со разделби, Кристијан Мартинов ја рецитираше песната
„Проштавање“. Во улога на наратори настапија учениците:Марио Заеков,
Викторија Панзова, Гордан Ќимов, Катја Зафирова и Бојана Најдовска. Стихови од
„Антологија на болката“ рецитираа учениците: Викторија Панзова, Изабела
Жабева, Бојана Најдовска, Лана Басаров, Марио Заеков, Лидија Костова и Катја
Зафирова.
За значењето на Кочо Рацин и неговата стихозбирка посветена на нашиот
македонски народ, текст подготви ученичката Милена Димова, со кој заврши
настанот посветен на 85 – годишнината од излегувањето од печат на збирката
социјална поезија „Бели мугри“.
Реализирањето на оваа активност беше координирана од професорите по
Македонски јазик и литература: Цветанка Карамаркова и Весна Павлова и
професорот по Музичка уметност, Атанас Зафиров.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den