Access

Размена на ученици

razmena ucenici

Е-дневник

e dnevnik

Математички лавиринт

mat lab

ОБУКА ОД ПРОЕКТОТ ЕРАЗМУС+ ВО БЕРЛИН – ГЕРМАНИЈА „Project Based Learning in the Classroom: Setup, Integration and Reflection“ – Berlin

Во рамките на проектот „Еразмус +“, во периодот од 13 до 18 јануари, во Берлин – Германија, во Центарот за обука „Карл Дуизберг“, се одржа обука на тема: „Учење засновано на проекти во училницата: поставување, интеграција и рефлексија“ („Project Based Learning in the Classroom: Setup, Integration and Reflection“ – Berlin).

1
2
4
1/3 
start stop bwd fwd

 

Од нашето училиште учествуваа наставниците: Ангелина Додов и Весна Павлова, заедно со наставници од Италија.

Преку следење на курсот, наставниците имаа можност да стекнат знаења за учење засновано на проекти (PBL) и како тие можат да ја интегрираат оваа тема во нивните лекции и училишните програми со користење на најновите техники и алатки за менаџирање во училница.

Во овој ангажман и практичен курс, учесниците се стекнаа со разбирање за тоа што е учењето засновано на проект, кои алатки се најдобри за интегрирање на PBL во училишните проекти, како да ги следат и оценуваат учениците кои ги користат PBL-алатките.

Покрај стекнување нови знаења, имавме можност да ги споделиме и нашите искуства од учењето засновано на проекти со нашите ученици во Гимназијата, што предизвика големо задоволство кај инструкторот на проектот, Ада Ригаци и останатите учесници на обуката.

Како дел од активностите планирани во рамките на обуката, со туристички водич, беа и посетите на културно-историските знаменитости на Берлин: цркви, парламентот, Брандербуршката порта, Источната галерија, Гробниците на Евреите, Градската кула.

Последниот работен ден, повторно со туристички водич, го посетивме Потсдам, град оддалечен околу 25 километри од Берлин. Најпозната знаменитост на Потсдам е Паркот Сансуси кој поседува ботаничка градина и многу други прекрасни градби: дворецот Сансуси, Оранжерискиот дворец, Новиот дворец и Римските бањи.

Поминавме прекрасни денови во стекнување на нови пријателства, работа, дружење, прошетки,и споделување на разни животни искуства.

Одговорни професори:Ангелина Додов и Весна Павлова

Googlе Translate

Огласна табла

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани ученици, второто полугодие во  учебната 2019/2020 година започнува на 21 јануари, 2020 година, во претпладневна смена. Наставата започнува во 7.15 часот.

Размена на ученици

Размена на ученици во Cordoba, Spain повеќе 

Размена на ученици во Plymouth, UK повеќе 

Размена на ученици во Lutraki, Greece повеќе 

Размена на ученици во Bratislava, Slovakia повеќе 

Размена на ученици во Strasbourg, France повеќе

Размена на ученици во Mardin, Turkey повеќе 

Размена на ученици во Cluj, Romania повеќе 

Присутни

Денес394
Вчера462
Оваа недела1841
Овој месец7159
Вкупно612858

Во моментов присутни

5
корисници

Четврток, 13 Август 2020 21:22

Распоред на часеви

   

   


Baner erazmus


Категорија: Натпревари

Категорија: Еразмус

СОУ„Гимназија Кочо Рацин“- Велес

СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија