Во кинотеката на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, на 23 јануари 2020 година, повеќе од двесте ученици од нашата Гимназија и нивните професори, имаа можност да го проследат македонскиот документарен филм „Медена земја“ –македонскиот кандидат за Оскар во категоријата најдобар странски филм за 2020 година на Американската филмска академија. Фимот е добитник на две номинации за претстојните оскари: за најдобар документарен филм и најдобар странски филм.
Учениците имаа можност да се запознаат со импресивната, вистинска, интимна приказна за пчеларката Атиџе Муратова, жена одгледувач на диви пчели, која живее сама со својата мајка во централна Македонија, заборавено место, кое е толку специфично и необично, што повеќето современи луѓе од западниот свет никогаш не би можеле ни да го замислат.
Сериозни и емотивно вознемирени и учениците и наставниците ја напуштија кино-салата. Атиџе, нејзините пчели и натрапниците, ќе бидат ликовите кои ќе бидат предмет на анализа во дебатите што ќе следат во нареднит период.
Настанот беше финансиски поддржан од Првата детска амбасада во светот – Меѓаши, во рамките на Програмата за мировно образование. Да си посакаме уште многу вакви филмови и поводи за заедички дружења и дискусии.
Размена на ученици во Cordoba, Spain повеќе
Размена на ученици во Plymouth, UK повеќе
Размена на ученици во Lutraki, Greece повеќе
Размена на ученици во Bratislava, Slovakia повеќе
Размена на ученици во Strasbourg, France повеќе
Размена на ученици во Mardin, Turkey повеќе
Размена на ученици во Cluj, Romania повеќе
На 17.10.2018г започна општинската лига во кошарка – машки за ученици од средните училишта, што ја организира Сојузот на училишен спорт...
По минатогодишниот успех и освоеното прво место на ученикот Илина Димовска, и оваа година дел од учениците од IV-та година учествуваат на натпреварот по филозофија ...
Во Валандово, во спортската сала „Филип Втори“, се одигра вториот турнир од Зонската лига – Велес во одбојка (машки) за средните училишта...
По јавниот конкурс за дизајн на логото за проектот „Математички лавиринт“ и јавното гласање на страната на Гимназија, избрано е идејното решение...
Според планот за работа на училиштето и во оваа учебна година СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ ќе аплицира во програмата Еразмус+ со проект во Клучната акција 1 - Мобилност на наставен кадар со краен рок за аплицирање 5.02.2019 година. Сите заинтересирани наставници може да се пријават за обуките со пополнување на анкетата на следниот линк, но не подоцна од 28.01.2019 (понеделник)....
На 8 февруари 2019 година, во СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ се одржа дисеминација на обуката од Малта во рамките на проектот Еразмус +: – Подобрување на методологијата за изучување на странските јазици...