Во просториите на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ се одржа едукација на тема: „Превенција од болестите на зависност“. Едукацијата беше организирана од Средношколската заедница при Гимназијата, во соработка со Општинската организација на Црвениот крст од Велес.
На предавањето беа присутни ученици од прва до четврта година. Тие можеа да се запознаат со разните видови дроги како: марихуана, кокаин, хероин, хашиш и разни видови екстази. Учениците имаа можност да научат за сите несакани и штетни ефекти што ги предизвикуваат болестите на зависност, со акцент ставен на дрогите.
Овој начин на едукација на младите се покажува како најдобра форма на превенција. Преку примери и фотографии од познати личности, тие директно ги гледаа штетните последици од овие болести.
Едукацијата ја спроведе д-р Мартин Хаџи-Наумов, волонтер во Црвениот крст на Општинска организација Велес.
Одговорeн професор:Магдалена Сарагинова
Размена на ученици во Cordoba, Spain повеќе
Размена на ученици во Plymouth, UK повеќе
Размена на ученици во Lutraki, Greece повеќе
Размена на ученици во Bratislava, Slovakia повеќе
Размена на ученици во Strasbourg, France повеќе
Размена на ученици во Mardin, Turkey повеќе
Размена на ученици во Cluj, Romania повеќе
СОУ Гимназија Кочо Рацин Велес се претстави со Вокално-Инструментален состав од пет членови...
Учениците од нашата Гимназија одиграа одлично, дисциплинирано и мотивирано, со брза игра и брза трансформација од напад во одбрана.
Во месец ноември, во салата „Бели мугри“, по 37. пат се одржа Општинскиот квиз-натпревар од областа...
Во периодот од 24 јули до 30 јули, градот Сомбор во Р. Србија беше домаќин на тренингот под име ,,Отворен ум без граници“ преку програмата ,,Еразмус +“...
Во периодот од 27.01.2019 до 1.02.2019 година, во Reggio Calabria во Италија се одржа обука на тема „Digital Paidea“. На обуката наставниците од нашата Гимназија заедно со наставниците од Полска и Италија ги разменија своите искуства и знаења...
Нов начин на истражување и развој во наставата во рамки на програмата Еразмус+...