Access

Размена на ученици

razmena ucenici

Е-дневник

e dnevnik

Математички лавиринт

mat lab

ПЕРФОРМАНС „ТЕ ЉУБАМ“ ВО ЧЕСТ НА ДЕНОТ НА ЉУБОВТА

Во католичкиот календар на 14 февруари се празнува св. Валентин, заштитник на вљубените. Овој празник, кој ја величи љубовта како најблагородно човечко чувство, е прифатен во многу земји на светот и се слави како Ден на вљубените.

2
3
4
5
6
1/5 
start stop bwd fwd

Оваа убава традиција ја прифативме и ние и во чест на овој ден, подготвивме перформанс кој го насловивме, „Те љубам“. Оваа година празнувањето беше во знакот на љубовните писма. Направивме избор од љубовната преписка меѓу руските писатели Марина Цветаева и Борис Пастернак, како и на преписката на Цветаева и германскиот писател Рајнер Марија Рилке. Изборот падна и на дописката на рускиот прозаист и драматург Антон Павлович Чехов и неговата сопруга Олга Книпер. Направивме избор од преписката меѓу големиот француски реалист Оноре де Балзак и неговата долгогодишна љубов, грофицата Евелина Ханска. Ѕирнавме и во интимниот свет на францускиот војсководец и владетел Наполеон Бонапарта и неговата жена Жозефина Боарне и германскиот романтичар Јохан Волфганг Гете и неговата сакана Шарлота фон Штајн.

Љубовната преписка на великаните ја читаа учениците: Бојана Штерјовска, Теа Спировска, Виола Стојанова, Цветанка Чичевалиева, Борис Ристов, Даниел Караманов, Виктор Гаџов, Филип Филипов и Виктор Мирчевски.

Дружењето со писмата посветени на љубовта го облагородивме со музика. Убавите романтични ноти на својата гитара ги исполни нашата ученичка Клементина Ѓорѓиева, под менторство на професор Атанас Зафиров. Идејата, изборот на преписки и реализацијата на перформансот „Те љубам“ се одвиваа под раководство на професорките по македонски јазик и литература: Весна Павлова, Цветанка Карамаркова и Соња Карбева, а во соработка со ученичката Бојана Василковска. Програмата ја водеше ученичката Деспина Миланова.

Ни претставуваше особена чест и задоволство што на овој настан присуствуваа нашите драги гости, учениците од деветто одделение и нивните наставници по македонски јазик. Кон присутната публика се обрати директорот на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, господин Гоце Алексоски. Тој посебно им се заблагодари на нашите гости што нè почестија со своето присуство, со надеж дека во иднина тие ќе бидат наши ученици.

 

Googlе Translate

Огласна табла

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани ученици, второто полугодие во  учебната 2019/2020 година започнува на 21 јануари, 2020 година, во претпладневна смена. Наставата започнува во 7.15 часот.

Размена на ученици

Размена на ученици во Cordoba, Spain повеќе 

Размена на ученици во Plymouth, UK повеќе 

Размена на ученици во Lutraki, Greece повеќе 

Размена на ученици во Bratislava, Slovakia повеќе 

Размена на ученици во Strasbourg, France повеќе

Размена на ученици во Mardin, Turkey повеќе 

Размена на ученици во Cluj, Romania повеќе 

Присутни

Денес413
Вчера462
Оваа недела1860
Овој месец7178
Вкупно612877

Во моментов присутни

3
корисници

Четврток, 13 Август 2020 22:25

Распоред на часеви

   

   


Baner erazmus


Категорија: Натпревари

  • Прва помош

    naslovna

    Екипата при Гимназија Кочо Рацин учествуваше на општински натпревар во пружање прва медицинска помош. Организатор на натпреварот беше...

     
  • Мојот јазик-мојот идентитет

    naslovna

    Денес (22.02.2016год.) во медиотеката на ЛБ „Гоце Делчев“ со почеток од 12:00 часот беа доделени дипломите по повод литературниот конкурс...

     
  • Ракометни пријателски натпревари

    P2050281

    На 5.2.2015 година во училишната сала на СОУ „Кирил и Методиј“ - Неготино гостуваше ракометната машка и женска екипа на нашата Гимназија.

Категорија: Еразмус

СОУ„Гимназија Кочо Рацин“- Велес

СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија