Литературен портрет на писателите Нада и Веле Алексоски и Олга Новачева

Гимназијата секогаш со задоволство е домаќин на велешките писатели. Овојпат наши гости беа велешките творци Веле Алексоски, Нада Алексоска и Олга Новачева.

DSCN3624
DSCN3625
DSCN3626
DSCN3627
DSCN3633
DSCN3635
DSCN3637
DSCN3639
DSCN3641
1/9 
start stop bwd fwd

Пред љубителите на пишнаиот збор тие се претсатвија со пригоден избор од своето творештво. Нашите ученици имаа можност да се запознаат со животниот и творечкиот пат на авторите. Тие и самите се претставија пред младите гимназијалци и се потсетија на деновите на својата младост и почетоците на нивната творечка дејност.Средбата претставуваше и можност за средба меѓу искусните творци и младите поети од нашата Гимназија.

Со свои творби се претставија и учениците:Тања Славева, Ирена Христова, Кристијан Јорданов и Андреа Арсова.

Меѓу публиката беше и господинот Атанас Крлевски, автор на афоризми и член на клубот на писатели „Коста Солев Рацин“. Тој преку своите афоризми испрати интересни и духовити пораки до младите слушатели.

Дел од творештвото на нашите гости и младите поети од нашата Гимназија е застапено и во најновото издание на зборникот „Велешки поетски пулсирања“ кои го издава клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од нашиот град. На сите поети им посакуваме плодна творечка работа и уште многу успеси на планот на литертаурата.

Одговорни професори:

Цветанка Карамаркова

Соња Карбева

Весна Павлова

Googlе Translate

Присутни

Денес85
Вчера121
Оваа недела516
Овој месец3379
Вкупно1058436

Во моментов присутни

2
корисници

Четврток, 21 Септември 2023 14:13
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија