„Активирај се и ти“

Во рамките на проектот „Активирај се и ти“ во организација на Општина Велес на 26 февруари во Големата сала на нашето училиште се одржа трибина за едукација и превенција од болестите на зависност. Тим сочинет од д-р Снежана Петрова од Заводот за Јавно здравје, Снежана Панова, инспектор од МВР Велес и г-ѓа Билјана Гушева од Центарот за социјална работа, за учениците од прва и втора година реализираа предавање за едукација и превенција од болестите на зависност – злоупотреба на наркотици, алхохол и цигари.

Тие ги запознаа учениците со најчестите причини поради кои се започнува, како што се: љубопитност, желба да се биде во центарот на вниманието, да биде прифатен од другите, да си ја зголеми самодовербата. За штетните ефекти што ги предизвикуваат врз организмот на човекот, алхохолот, цигарите и дрогата со текст и слика им беа испратени експлицитни пораки на учениците: биди посебен, биди свој, имај свој став, спротивстави се, речи НЕ.

Googlе Translate

Присутни

Денес27
Вчера155
Оваа недела866
Овој месец316
Вкупно1040540

Во моментов присутни

3
корисници

Сабота, 03 Јуни 2023 05:59
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија