ОДБЕЛЕЖАНА 73 ГОДИШНИНАТА ОД ШТРАЈКОТ НА ВЕЛЕШКИТЕ ГИМНАЗИЈАЛЦИ

Прославувањето на значајните историски настани секогаш претставува чест и задоволство. Тие не потсетуваат на нашата должност дека треба да останеме доследни на светите аманети на нашите предци и непоколебливо да продолжиме да чекориме по нивните стапки. Не потсетуваат никогаш да не заборавиме кои сме и која е нашата цел.

DSCN0723
DSCN0725
DSCN0726
DSCN0728
DSCN0729
DSCN0731
DSCN0733
DSCN0736
DSCN0738
DSCN0740
DSCN0741
DSCN0742
DSCN0744
DSCN0745
DSCN0746
DSCN0749
DSCN0750
DSCN0751
DSCN0752
DSCN0753
DSCN0755
DSCN0760
DSCN0762
DSCN0763
DSCN0764
DSCN0767
DSCN0768
DSCN0771
DSCN0772
DSCN0776
DSCN0779
DSCN0785
DSCN0786
DSCN0788
DSCN0789
DSCN0790
DSCN0791
DSCN0792
DSCN0793
01/39 
start stop bwd fwd

 

Гимназијата „Кочо Рацин“ во соработка со Општинската организација на Сојузот на борците од НОВ и оваа година достојно го одбележа 14 Март - Денот на организирањето на Штрајкот на учениците од велешката Гимназија. Оваа година прославивме седумдесет и три години од бунтовниот 14 Март 1942 година, денот кога напредните младинци – Гимназијалци го кажале своето решително, не, на бугарските окупаторски власти.

За значењето на овој историски настан, неговата важност и неговиот одзив кај поширокото граѓанство говореше професорот по историја, Сашко Николовски.

Тој истакна дека и денес, после седумдесет и три години од штрајкот на Гимназијалците, како нивни доследни следбеници треба да го почитуваме тој светол момент и да не го заборавиме, бидејќи со тоа ќе избришеме мошне значаен момент од нашата национална историја.

Тој посебно го поздрави присуството на доктор Никола Стојанов, директен учесник во Штрајкот кој не почести со своето присуство.

Оваа година штрајкот беше одбележан со организирање на почесен марш кој го изведоа учениците од нашето училиште, а предводени од претседателот на Средношколската заедница, Војдан Каратрајков и претставниците на Средношколската заедница.

Тие преку маршот сакаа да ни ги доловат идеите и активностите на некогашните штрајкувачи да учат на мајчин јазик.

Во културно-уметничкиот дел од програмата настапија нашите ученици: во музичкиот дел: Марјан Ѓорѓиевски, Марија Мијакова, Стефани Алчева и Иван Милевски под менторство на професорот Стојанче Иванов. Во поетскиот дел од програмата, стихови од македонските родољубиви поети читаа учениците: Гордана Ивановска и Стефан Николовски. Програмата ја водеше Љубчо Јованов.

Стручен актив по македонски јазик и литература

Googlе Translate

Присутни

Денес40
Вчера155
Оваа недела879
Овој месец329
Вкупно1040553

Во моментов присутни

3
корисници

Сабота, 03 Јуни 2023 07:17
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија