Младите математичари од нашата Гимназија и оваа учебна година љубопитно и неуморно ги откриваа тајните на математиката. Математичката секција успешно и активно работеше под менторство на предметните професори: Зоран Трифунов, Мариче Лазаровска, Оливера Левкова, Снежана Арсеновска и Марија Гајдова.
Членовите на секцијата, талентирани ученици со голем интерес и енергија за изучување на математиката обработуваа теми од наставен карактер за надополнување и проширување на знаењата од математиката, како и решаваа задачи од натпреварувачки карактер.
Во склоп на активностите на математичката секција учениците беа подготвувани под менторство на соодветните професори за учество на повеќе натпревари: училишни, општински, регионални, републички и меѓународни.
На општинскиот натпревар кој се одржа на 24.01.2015 година во нашата Гимназија учествуваа ученици од I до IV година, при што постигнати се следниве резултати:
I година: Учесници:Елеонора Ташкова, Наталија Стојановска, Марија Ивановска, Виктор Игнов, Ѓоре Николов, Александра Мечкаровска, Георги Тумбов.
II година: Кодовски Андреј – пофалница, Ампова Ана – пофалница, Маркова Даниела – пофалница, Петров Саше, Димова Тијана, Коџобашиева Пенелопа, Марија Николовска
III година: Невенка Максимова – пофалница, Влатко Нецинов – пофалница, Бојан Страчковски, Благој Христов, Ана Габерова, Стефан Шестаков, Викторија Стојанова.
IV година: Борче Атанасов – прва награда, Тања Славева, Ирена Басарова, Игор Кузмановски.
На регионалниот натпревар кој се одржа на 14.02.2015 година домаќин беше нашата Гимназија, а учествуво обезбедија сите ученици, учесници на Општинскиот натпревар по математика, при што постигнати се следниве резултати:
I година: Марија Ивановска – трета награда
IV година: Игор Кузмановски – пофалница
На републичкиот натпревар кој се одржа на 14.03.2015 година на Машинскиот факултет во Скопје свое учество обезбедија следниве ученици:
Во рамките на своите активности Сојузот на математичари на Македонија го организираше Меѓународниот математички натпревар КЕНГУР 2015, кој се реализираше на 19.03.2015 година, а учество земаа ученици од прва до четврта година од нашата Гимназија
Од вкупно пријавените 59 ученици од нашата Гимназија, под менторство на своите професори наградени и пофалени се следниве ученици:
I година:
II година:
III година:
IV година:
Во организација на McMaster's Department of Mathematics & Statistics, McMaster University - Faculty of Science, Canada на 26 ноември (среда) 2014 година, ученици од нашата Гимназија учествуваа на online математички натпревар. Натпреварот е од меѓународен карактер, а се натпреваруваат ученици од средните училишта од прва до четврта година. Учениците може да се натпреваруваат индивидуално или во тим од двајца ученици. Од нашата Гимназија учествуваа 30 тима од по двајца ученици, под менторство на своите професори по математика
Одговорни професори
Зоран Трифунов, Мариче Лазаровска,
Оливера Левкова, Снежана Арсеновска
и Марија Гајдова