ПРВО МЕСТО НА 45. ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР ПО ПРВА ПОМОШ

На 22 мај 2019 година, во Младинскиот парк во Велес, се одржа 45. Општински натпревар по прва помош за учениците од основните и средните училишта. Тимот на Гимназија „Кочо Рацин“ доби најмногу бодови од судиите освојувајќи го првото место и ќе учествува на Републичкиот натпревар по прва помош кој ќе се одржува во септември во Битола.

1
2
3
4
5
1/5 
start stop bwd fwd

 

Организатор на натпреварот беше Црвен крст на Република Македонија, Општинска организација – Велес, со секцијата за прва помош каде членуваат сите лекари – волонтери кои беа во улога на судии.

Честитки за нашите ученици од тимот: Давор Давчевски, Марија Николова, Андрај Делиманчев, Теодор Левков, Ива Донева и Филип Трајановиќ и се надеваме на добар пласман на Републичкиот натпревар.

Одговорeн професор:

Елизабета Николовска

Googlе Translate

Присутни

Денес194
Вчера507
Оваа недела1206
Овој месец8953
Вкупно818145

Во моментов присутни

8
корисници

Среда, 20 Октомври 2021 10:00
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија