УЧЕНИЦИТЕ НА ЗАВРШНАТА ИЗВЕДБА НА ФОРУМ ТЕАТАРОТ НА ТЕМА „МЕЃУВРСНИЧКО НАСИЛСТВО“

Во рамките на програмата за Мировно образование, поддржана од ПДАС „Меѓаши“, учениците од нашата Гимназија, СУГС„Никола Карев“ и СУГС „Шаип Јусуф“ од Скопје, на 21 мај 2019 година, ги заокружија своите активности за подготовка и изведба на Форум театарот на тема „Меѓуврсничко насилство“.

Во просториите СУГС „Шаип Јусуф“ во Скопје, учениците Бојана Спасовска, Марија Недева, Никола Димовски, Амер Таировски од I-5 клас, Бојана Мачавеловска, Мери Спирова од II-5 клас и Кујтиме Мусова и Мерита Јонузи од III-6 клас, земаа активно учество при подготовката и изведбата на овој Форум театар, заедно со учениците од СУГС „Никола Карев“ и СУГС „Шаип Јусуф“ од Скопје.

Нивниот настап го проследија и ученици од нашата Гимназија кои имаа можност да присуствуваат на овој мировен настан. Пријатната атмосвера, доброто расположение и предизвикот наречен Форум театар, направија оваа обука успешно да се реализира, а учениците учесници со нетрпение да го очекуваат следниот настап пред нова поублика за нова уште поголема мировна мисија.

Носител на активноста:

Цветанка Карамаркова

Googlе Translate

Присутни

Денес155
Вчера507
Оваа недела1167
Овој месец8914
Вкупно818106

Во моментов присутни

2
корисници

Среда, 20 Октомври 2021 08:18
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија