"СТОП за загадувањето - Save the Planet"

На 20 септември (петок) 2019 година нашата Гимназија традиционално и оваа година го одбележа „Светскиот ден на мирот“ со Парадата на мирот. Овогодинешното мото на парадата беше: "СТОП за загадувањето - Save the Planet" . Овој настан како и секоја година беше реализиран со поддршка од Првата детска амбасада во светот - Меѓаши.

1
2
3
4
5
1/5 
start stop bwd fwd

 

На парадата учениците од нашата Гимназија заедно со нивните наставници парадираа низ градот, тргнувајќи од училишниот двор со бројни пароли испраќајки ја пораката „СТОП за загадувањето - Save the Planet". Парадата и оваа година беше поддржана од децата од градинките, ученици од другите училишта од градот и секако случајните минувачи. Се надеваме дека пораките кои ги испратија почитувачите на овој настан ќе ја подигнат свеста кај луѓето и ќе придонесат во заштитата на нашата планета Земја.

Googlе Translate

Присутни

Денес50
Вчера424
Оваа недела876
Овој месец876
Вкупно575551

Во моментов присутни

3
корисници

Среда, 03 Јуни 2020 02:15
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија