Во рамките на 52. Детски Рацинови средби, на 6 ноември 2019 година, во училишната библиотека на ССОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес, се одржа поетски караван на кој присуствува учениците – членови на проектната активност Литературни клубови и драмски секции при СОУ Гиманзија „Кочо Рацин“ – Велес, ученици од училиштето „Димитрија Чуповски“ и поканетите гости: Васил Тоциновски, поет и универзитетски професор и Игор Крајчев, поет.
Поетскиот караван започна со поетско обраќање на поетите-уметници: Васил Тоциновски и Игор Крајчев, на кои потоа со свои творби им се приклучија учениците од двете училишта. Поетското читање беше заокружено со потсетување за животот и делото на Кочо Рацин, кому му се посветени овие Детски Рацинови средби.
Одговорни професори:Цветанка Карамаркова и Весна Павлова