ПРOEKT „ИНКЛУЗИВНИ ПАРТНЕРСТВА ВО ЗАЕДНИЦИТЕ“

Учениците и одговорните ментори при СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, кои со свои активности се вклучени во проектот „Инклузивни партнерства во заедниците“, спроведен од Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, на 7 ноември 2019 година присуствуваа на регионалниот настан што се одржа во ОЈУДГ „Димче Мирчев“ – Велес.

2a
3a
2a
3a
1/2 
start stop bwd fwd

 

На настанот присуствуваа: градоначалникот на општина Велес, господин Аце Коцевски, претставници на централната и локалната власт, претставници од основните и средните училишта во градот, претставници на центрите за вработување и граѓанските организации, директорката на Фондацијата „Чекор по чекор“, претставници на граѓанските здруженија и членови на ученичките тимови.

Настанот за отворен го прогласи директорката на градинката „Димче Мирчев“, а потоа свое обраќање пред поканетите гости имаа градоначалникот на општина Велес и директорката на Фондацијата „Чекор по чекор“. Таа ги сподели позитивните искуства од проектните активности реализирани во партнер-општините и промовирање на „Моделот на инклузивна општина“ развиен во рамките на проектот.

Настанот беше заокружен со претставување на активностите кои учениците од ученичките клубови од СОУ „Гимназијата Кочо Рацин“ ги реализираа заедно со учениците од ПОУ „Маца Овчарова“ под мотото „И јас сум тука“.

Директорката на Фондацијата „Чекор по чекор“ искажа големо задоволство и пофални зборови за работата на ученичките клубови од двете училишта: клуб на информатичари и графички дизајнери, клуб на млади актери и творци на мајчин јазик и креативниот уметнички клуб.

Преку оваа средба учениците ја покажаа желбата за меѓусебна соработка и исполнување на целта за привлекување на вниманието на младата популација за афирмирање на проблемите со кои се соочуваат децата со попреченост.

Одговорни наставници: Ленче Перчинковска,

Гордана Саздова,

Весна Павлова,

Кристијан Тододров

Googlе Translate

Присутни

Денес199
Вчера342
Оваа недела541
Овој месец1572
Вкупно943965

Во моментов присутни

1
корисници

Вторник, 05 Јули 2022 16:46
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија