На 21 септември (понеделник) 2020 година нашата Гимназија традиционално и оваа година го одбележа „Светскиот ден на мирот“ со Парадата на мирот. Овој настан како и секоја година беше реализиран со поддршка од Првата детска амбасада во светот - Меѓаши.
Иако во помал број, поради состојбата со Ковид 19, на парадата учениците од нашата Гимназија заедно со нивните наставници парадираа низ градот, тргнувајќи од училишниот двор со бројни пароли испраќајки ја пораката „Мир е секој чекор". Се надеваме дека пораките кои ги испратија почитувачите на овој настан ќе ја подигнат свеста кај луѓето, а нашата парада следната година посакуваме да биде одбележана со масовно учество на ученици од нашаето училиште, децата од градинките, ученици од другите училишта од градот и секако случајните минувачи.