„Вистината за лагите. Младите предизвикуваат дезинформации“

Почитувани,

Како дел од настанот Твоја Европа, твој глас (ТЕТГ), 33 училишта (од 27 земји-членки на ЕУ, пет земји-кандидати за влез во ЕУ и едно од европските училишта базирани во Брисел) се поканети да учествуваат во дводневните дебати, работилници и интерактивни активности за тематски прашања од интерес за младите луѓе.

Оваа година настанот ќе се одвива на далечина поради несигурноста предизвикана од ситуацијата со КОВИД-пандемијата.

2

ТЕМА

Насловот на настанот кој следува е „Вистината за лагите. Младите предизвикуваат дезинформации“. Темата ќе покрива подигнување на свеста за предизвикувањето дезинформации, при што ќе ги натера младите луѓе да размислат за тоа како да ги развијат нивните вештини и критично размислување за да се борат со дезинформациите.

Нема сомнеж дека никогаш не сме имале повеќе пристап до информации од тоа што младите луѓе имаат денес. Сепак, моменталниот обем на (дез)информации е беспреседентен. Ова е причината поради која настанот на ТЕТГ следната година ќе моделира креирање и развој на кампања со лажни вести, како и идентификувањето на алатките и аргументите против тоа. Преку работењето во мали групи во рамките на работилниците, во формат на преговори и дебата за постигнување консензус, нашата цел е да ја подигнеме свеста за начинот на кој се склучуваат социјални договори помеѓу групи со различни интереси.

Овој настан ќе биде вклучен во настаните за млади на Конференцијата за иднината на Европа. Учениците што ќе учествуваат ќе даваат препораки коишто ќе се достават до европските институции и за коишто ќе се дискутира на конференции во цела Европа во текот на годината.

КОЈ

Ако Вашата институција е средно училиште, од било кој вид, во една од 27 земји-членки или во една од петте земји - кандидати, или едно од европските училишта базирани во Брисел, тогаш Ве покануваме да ни испратите пријава за да учествувате на ТЕТГ настанот за 2022 година.

Едно училиште од секоја земја ќе биде избрано со помош на ждрепка, а победниците ќе учествуваат на дводневен онлајн настан, којшто ќе се пренесува на веб-страница преку социјалните канали на ЕЕСК.

Ако Вашето училиште е избрано, тогаш можете да изберете до 3 ученика кои учат претпоследна година, надгледувани од еден или повеќе наставници. Тие ќе се запознаат онлајн со ученици од другите земји, со кои ќе можат да разменат размислувања и да изготват декларации на теми кои што се важни за настанот. Ова е единствена можност за младите луѓе подобро да разберат како функционира ЕУ и да се вклучат во дебата од собраниски карактер во мултикултурна околина.

ЈАЗИК

Сите процедури ќе бидат спроведени на англиски јазик.

ПОДГОТОВКА

Членовите на ЕЕСК однапред ќе го посетат секое избрано училиште за да ги подготват учениците и наставниците за онлајн настанот. Овие посети може да бидат извршени со физичко присуство или од далечина, во зависност од ситуацијата со пандемијата. Документацијата и материјалите за учење ќе бидат испратени до училиштата пред посетите.

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ

На нашата веб-страница ќе најдете детален опис на настанот, видео од ТЕТГ настанот од 2021 година, онлајн формулар за пријавување, правила и сите практични информации.

КРАЕН РОК

Крајниот рок за пријавување е 26 ноември 2021 година.

Ве очекуваме на ова уникатно онлајн искуство!

Со почит,

Килиан Лохан

Заменик претседател за комуникација на ЕЕСК

Googlе Translate

Присутни

Денес370
Вчера425
Оваа недела2891
Овој месец6794
Вкупно858220

Во моментов присутни

6
корисници

Недела, 16 Јануари 2022 20:12
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија