На 15 февруари, се одбележува Светскиот ден на децата заболени од карцином. Неговото одбележување започна од 2002 година, а на иницијатива на Меѓународната конференција на Здруженијата на родителите на децата заболени од карцином, се одбележува во 88 земји.
Одбележувањето на овој ден има за цел да го сврти вниманието на целокупната јавност која преку хуманитарни акции, донации, јавни дебати и други видови активности ќе се ангажира за подобрување на третманот, негата, квалитетот на животот, како и на психичките, емоционалните и социјалните потреби и проблеми на децата заболени од карцином, како и на нивните семејства.
Токму и ликовната работилница која ја организиравме во нашето училиште, ја реализиравме со цел да упатиме искрени желби за добро здравје под мотото „Биди пријател и пружи љубов на децата во болница“.
Младите уметници: Симон Николов од 1-1 клас, Ива Петковска, Лилјана Филипова, Кристина Николовска од 1-2 клас, Мелани Сарагинова, Викторија Дојчинова од 1-3 клас, Стефани Настова, Марија Арсовска од 1-4 клас, Елифа Даутовиќ од 3-2 клас, Тамара Илијевска од 3-4 клас и Сандра Митревска од 4-2 клас, преку своите цртежи упатија порака на дечињата за што побрзо и полесно оздравување, а на нивните родители многу физичка и духовна сила да истраат во борбата за нивното здравје.
Ученикот Стефан Стојановски од 4-3 клас изработи видео-презентација од настанот, а фотографиите ги изработи ученичката Бојана Велковска од 4-3 клас. На учениците-учесници во ликовната работилница им се обрати ученичката Викторија Маџовска од 3-4 клас.
Организатори на настанот беа професорите: Весна Павлова, Цветанка Карамаркова и Кристијан Тодоров.
Бојана Велковска 4-3
Стефан Стојановски 4-3