Одбележување на 14 Февруари – Денот на вљубените

Во католичкиот календар на 14 февруари се празнува св. Валентин, заштитник на вљубените. Овој празник, кој ја величи љубовта како најблагородно човечко чувство, е прифатен во многу земји на светот и се слави како Ден на вљубените. Оваа убава традиција ја прифативме и ние и во чест на овој ден, подготвивме краток перформанс посветен на љубовта, во кој учествуваа учениците: Филип Настов и Димитар Коцев.

Во музичкиот дел од програмата настапија учениците: Бојана Велковска од 4-3 клас, Симона Стојанова, Елена Шопова од 1-2 клас и Филип Настов од 1-4 клас.

1
2
3
4
1/4 
start stop bwd fwd

 

Ученичките: Виола Стојанова, Теа Спировска, Тамара Илијевска, Ајла Лековиќ, Адиса Авдовиќ и Драгана Димитриевска од 3-4 клас изработија пригодни подароци со пораки и мисли за љубовта. Младите ликовни уметници: Симон Николов од 1-1 клас, Мелани Сарагинова, Викторија Дојчинова од 1-3 клас, Марија Арсовска, Ања Тевчева и Стефани Настова од 1-4 клас, Јана Крајчев од 2-5 клас, Бојана Велковска од 4-3 клас, инспирирани да творат за љубовта, го украсија прекрасното катче каде што го одбележавме празникот Свети Валентин.

Ученикот Данчо Наумов од 3-2 клас изработи видео-презентација од фотографии со мотиви љубов и вино. Пораките за изработка на видеото ги подготвија учениците: Емили Митревска, Јована Гичова, Александра Наунова, Бојана Штерјовска и Ангела Ковиловска од 3-2 клас. Програмата ја водеше ученичката Деспина Миланова од 3-2 клас.

Организатори на настанот беа професорките: Весна Павлова, Цветанка Карамаркова, Ангелина Додов. За музичкиот дел на програмата одговорен беше професорот Атанас Зафиров, за техничкиот професорот Димче Зврцинов, а за уметничкиот професорот Кристијан Тодоров.

Googlе Translate

Присутни

Денес7
Вчера435
Оваа недела1002
Овој месец1447
Вкупно973153

Во моментов присутни

2
корисници

Четврток, 06 Октомври 2022 00:19
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија