ЛИТЕРАТУРЕН И ЛИКОВЕН КОНКУРС

По повод 70 години од постоењето на Извидничкиот одред „Димитар Влахов“, во салата на Општина Велес се одржа Свечена академија и доделување на наградите од распишаниот литературен и ликовен конкурс на тема: „Извидниците и животот во природа“.

Од Гимназијата „Кочо Рацин“, наградени беа следниве ученички:

На литературниот конкурс, трета награда освои ученичката Ангела Димитрова од IV-5 клас, под менторство на професорката Магдалена Сарагинова.

На ликовниот конкурс, прва награда освои ученичката Анамарија Костовска од I-1 клас, под менторство на професорката Јулијана Михова.

1
2
1
2
1/2 
start stop bwd fwd

 

Googlе Translate

Присутни

Денес41
Вчера155
Оваа недела880
Овој месец330
Вкупно1040554

Во моментов присутни

2
корисници

Сабота, 03 Јуни 2023 07:36
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија