НАТПРЕВАРИ ПО ЛАТИНСКИ ЈАЗИК

На 20.3.2015 година во нашата Гимназија се одржа првиот општински натпревар по латински јазик.На натпреварот учествуваа осум ученици од трета година: Мијакова Марија. Караѓирова Христина, Ѓорѓиевска Сања, Арифи Беким, Етеми Хетем, Апцева Изабела, Петрушевска Марија и Темелковска Симона под менторство на проф. Лилјана Стрезовска – Темовска.

1
2
3
4
5
1/5 
start stop bwd fwd

 

Според освоените бодови првото место на натпреварот го освои ученичката Мијакова Марија, а третото ученичката Ѓорѓиевска Сања. Двете ученички се здобија со право да учествуваат на Регионалниот натпревар по латински јазик, кој поради малиот број на пријавени ученици истиот беше откажан. Републичкиот натпревар се одржа на 16.5.2015 година на Филозофскиот факултет во Скопје.Од вкупно 64 ученици, нашата ученичка Мијакова Марија го освои четвртото место, а Ѓорѓиевска Сања солидното дванаесетто место.

Googlе Translate

Присутни

Денес402
Вчера462
Оваа недела1849
Овој месец7167
Вкупно612866

Во моментов присутни

1
корисници

Четврток, 13 Август 2020 21:51
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија