ДРЖАВЕН РЕЦИТАТОРСКИ НАТПРЕВАР

На 12.3.2016 година, во просториите на приватната Гимназија „Алгоритам“ – Скопје, се одржа Државниот рецитаторски натпревар.

1
2
1
2
1/2 
start stop bwd fwd

 

На натпреварот зема учество ученичката Сандра Танчева од III-6 клас со ментор Александра Стојановска. На истиот беа пријавени вкупно 22 натпреварувачи. Комисијата изврши селекција, така што нашата ученичка се пласираше меѓу најдобрите 12 ученика од средните училишта од Република Македонија.

Натпреварот се состоеше од два дела. Во првиот дел учениците се претставија со рецитација на песната „DÉJÀ VU “од Богомил Ѓузел. Во вториот круг сите финалисти ја интерпретираа песната ,,Сенките ќе се одминат” од Никола Маџиров.

Нашата ученичка се најде на листата на првите три места,го освои третото место.Таа имаше одличен настап со солидна артикулација, правилна употреба на јазичните норми и емоционален израз сообразен со одбраната содржина.

Честитки на ученичата Сандра Танчева за освоено трето место на Државниот натпревар.

Одговорен професор

Александра Стојановска

Googlе Translate

Присутни

Денес48
Вчера424
Оваа недела874
Овој месец874
Вкупно575549

Во моментов присутни

3
корисници

Среда, 03 Јуни 2020 02:09
СОУ„Гимназија Кочо Рацин“-Велес гимназија